Добредојдовте во 3BOX
Вашиот водечки партнер за премиум амбалажа.
Како докажан лидер на пазарот за амбалажа со директен допир за храна, со гордост ја менаџираме амбалажата на најголемите и најуспешните брендови во земјата, нудејќи им одлични решенија кои значат заштеда на време, намалување на трошоците и поголемо влијание на брендот.
Ние нудиме иновација во пакувањето која гарантира поголема сигурност за вашите производи и трајна лојалност кај вашите купувачи.
Пакувањето на вашите производи може да биде истовремено модерно, практично за бизнисот и нежно кон природата. Кога избирате 3BOX вие избирате партнер со кој заедно ја чувате планетата.
Нудиме производство на амбалажа со врвен квалитет користејќи ја најновата технологија.
Најдобро решение за пакување на производи
Зошто 3BOX е изборот на најголемите брендови?
Нашиот концепт се заснова на четири клучни столбови кои нè издвојуваат и нè прават сигурен избор за секој бизнис особено во прехранбената индустрија (примарно пакување-директен допир со храна) како и во било која индустрија (секундарно пакување)
- Иновација и custom made решенија по Вашите потреби.
- Висококвалитетно печатење.
- Стремеж кон еколошко и одржливо пакување.
- Планско работење, редовно Ве известуваме и редовна достава.
Нашата мисија
Мисијата оди подалеку од создавањето на супериорна амбалажа – нашата најголема одговорност е кон планетата Земја. Цврсто веруваме дека бизнисот и екологијата мора да чекорат заедно. Затоа, секоја кутија, секоја чаша и секој производ што го создаваме е дизајниран со една јасна цел: да го намалиме еколошкиот отпечаток и да оставиме почист и позелен свет за идните генерации.