-
Empty cart
No products in the cart.
Return to Shop
Продавница
ПочетнаПродавница
Филтер
Прикажани 19Sorted by price: low to high
Приказ
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Амбалажа за сос
0,00 ден – 12.960,00 денPrice range: 0,00 ден through 12.960,00 денОвој сад е идеален за сервирање на вашите уникатни сосови, преливи и додатоци. Компактната големина е прецизно одмерена за единечни порции без непотребно истурање, а тркалезната форма нуди максимална практичност при транспорт. Чистата бела надворешност ви дава многу слобода во дизајнот за да го истакнете вашиот бренд и да ги привлечете клиентите.
За печатење на амбалажа со ваше лого или дизајн контактирајте нè artprintstudio@gmail.com
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
8 Аголен сад за храна
1,00 ден – 4.480,00 денPrice range: 1,00 ден through 4.480,00 денНашата oсумаголна модерна крафт или бела амбалажа со PE премаз, е идеален избор за свежи салати, тортиљи, печени јадења и деликатеси. Oваа кутија нуди аголни ѕидови и широк отвор кои овозможуваат одлична видливост на храната. Изработена е од крафт или бел картон со PE (полиетилен), одлична замена за пластична амбалажа (за месни продукти, готвена храна, и други продукти). Можност за машинско запечатување (заварување, sealing на горната површина со фолија или со картон со PE), со што се овозможува безбеден транспорт. Крафт картонот со PE нуди 80% намалување на пластиката во земјата и атмосферата. Иновација во пакување, заштита на мајката земја и одржлива иднина за нашите поколенија.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Коцкасти кутии за помфрит
4,00 ден – 5,00 денPrice range: 4,00 ден through 5,00 денСпецијално дизајнирана коцкаста форма со коси агли и широк отвор, овозможувајќи лесен пристап до вашиот крцкав помфрит, крокети или похувани деликатеси. Совршено пакување за директно конзумирање во ресторан или во движење.
Изработени од висок квалитет на крафт или бел картон со PE заштитен слој од внатрешната страна, кој е максимално отпорен на топлина и маснотии, спречува пробивање на маслото и ги држи рацете чисти.
Различни димензии и големини прилагодени за прецизно одмерување на мали, средни и големи порции по ваша желба.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Правоаголни чинии
5,00 ден – 10,00 денPrice range: 5,00 ден through 10,00 денМодерна геометрија и цврстина кај овие чинии со правоаголна форма кои нудат чист и современ изглед при сервирањето. Дизајнирани се со специфичен брановиден, засилен раб по должината на сите страни, кој гарантира одлична цврстина и спречува виткање на садот, дури и кога е исполнет со потешка храна.
Идеални за ладни предјадења и мезиња на совршено рамната и издолжена површина ги прави прв избор за аранжирање на табли со сувомеснати производи, сирења, солени каснаци (finger food), брускети или кетеринг порции. Овозможуваат максимална прегледност и естетско подредување на храната.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Држачи за чаши
9,00 ден – 14,00 денPrice range: 9,00 ден through 14,00 денНашиот практичен и стабилен картонски држач е идеално решение за безбеден транспорт и послужување на вашите омилени пијалаци. Дизајниран со две, четири или шест прецизно одмерени позиции, овој држач овозможува цврсто фиксирање на чашите со кафе, чај или освежителни напитоци, спречувајќи го нивното превртување или истурање во движење.
Изработен е од цврст, висококвалитетен крафт или бел картон кој нуди исклучителна издржливост и стабилност при носење. Неговиот минималистички и чист дизајн не само што изгледа модерно, туку нуди и одлична можност за брендирање и персонализација, со цел да го истакнете логоото на вашиот локал и да оставите професионален впечаток кај клиентите.
Овој производ е комплетно биоразградлив и претставува совршена алтернатива на пластичните носачи, правејќи ја секоја нарачка за носење (takeaway) поодговорна кон природата. Со изборот на нашите картонски држачи, директно придонесувате за намалување на отпадот и заштита на животната средина. Иновација во пакувањето, заштита на мајката земја и одржлива иднина за нашите поколенија.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутии за бургери
11,00 ден – 14,00 денPrice range: 11,00 ден through 14,00 денКласична специјално дизајнирана коцкаста форма со коси агли и широк отвор екстра цврста картонска кутија со практичен капак на преклопување. Специјално конструирана да го заштити интегритетот на вашите сочни бургери при транспорт, овозможувајќи безбедно насложување на кутиите една врз друга.
Достапни во две висококвалитетни еколошки опции – софистициран Бел или природен Крафт картон.
Совршено прилагодени за сите големини на бургери 100% биоразградлив.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутија за бургер со помфрит
11,00 денКомбо дизајн и намена, Совршено „All-in-One“ (сè во едно) решение со издолжена правоаголна форма и интегриран капак. Специјално дизајнирана за истовремено пакување и паметно сервирање на комплетен оброк – сочен бургер заедно со порција крцкав помфрит или додатоци во еден ист сад. Идеална за takeaway, брза храна и достава без мешање на вкусовите.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Округли чинии
11,00 ден – 22,00 денPrice range: 11,00 ден through 22,00 денПрироден и релјефен дизајн кај овие чинии кои се одликуваат со елегантни, радијални релјефни линии по рабовите кои не само што го подигнуваат естетското ниво на презентацијата, туку даваат и дополнителна структурна цврстина против виткање под тежина на храната.
Повеќенаменска примена со совршена рамна површина за сервирање ладни и топли предјадења, свежи салати со преливи, скара или десерти. Одличен избор за кетеринг настани, излети, забави на отворено и брза храна.
Супериорна отпорност кои се произведени од густ еколошки материјал со заштитен горен слој кој е комплетно имун на влага, масла и сокови од зеленчук. Чиниите не омекнуваат и не ја пропуштаат топлината кон рацете.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутии за помфрити
11,00 ден – 14,00 денPrice range: 11,00 ден through 14,00 денПрепознатлив и ергономски „џеб“ дизајн со рамно дно и косо пресечен преден дел. Овозможува помфритот да стои исправен, нуди беспрекорна прегледност на порцијата и е совршено функционален за лесно конзумирање во движење (street food & takeaway).
Достапни за изработка од два типа на врвна, еколошка хартија:
GC картон (бел): Мазна и чиста површина која гарантира исклучително висок квалитет и острина на принт со силни бои.
Крафт хартија (кафеава): Обезбедува рустикален, органски и природен еколошки изглед.
Димензии соодветно оптимизирани за стандардни мали, средни и големи порции помфрит.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутии за храна
11,00 ден – 25,00 денPrice range: 11,00 ден through 25,00 денПрактичен едноделен „All-in-One“ дизајн кај оваа кутија која се одликува со паметна конструкција каде капакот е фиксно поврзан со основата и се затвора со помош на предни клапи на вовлекување. Ваквиот механизам овозможува брзо склопување во кујната, сигурно пакување и елиминира каква било потреба од дополнителни пластични капаци или лепливи ленти.
Универзален избор за угостителство со совршено балансирана форма наменета за пакување и достава на најразлични оброци – од големи ладни сендвичи, паста, тортиљи, солени печива и скара со прилог, па сè до свежи десерти како палачинки, крофни или парчиња колачи.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутија за Донер
12,00 ден – 21,00 денPrice range: 12,00 ден through 21,00 денПослужете смели вкусови со доверба користејќи ги нашите еколошки кутии за Донер. Нивната практична форма и паметната склоплива структура ги прават идеални за сочни, мрсни и свежо подготвени оброци – одржувајќи ја содржината безбедна, топла и подготвена за уживање. Изработени со заштитен внатрешен слој и прецизно преклопување, овие кутии нудат одлична отпорност на протекување, што ги прави совршени за пржени тестенини, јадења со ориз, кари и омилени улични јадења како донер или ќебап. Површината на садот е исполиран со специјален премаз за добивање на печат со висок квалитет за да добиете, остри детали и живи бои. Површината овозможува мастилото да не се впива во внатрешноста, боите остануваат на површина.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кружен сад за храна
12,00 ден – 21,00 денPrice range: 12,00 ден through 21,00 денДизајниран за модерна услуга за храна за носење, овој картонски сад е идеален за супи, чорби, тестенини, салати и јадења на пареа. Неговиот практичен капацитет го прави совршен за единечни порции, додека кружниот облик овозможува лесно ракување во движење.
Длабок цилиндричен облик на специјално дизајниран сад со рамно кружно дно и подигнати странични ѕидови кој нуди исклучителна стабилност. Оваа форма е идеална за пакување обемни и слоевити оброци, како свежи салати со преливи, обарен зеленчук, ориз или традиционални готвени јадења.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутија за помфрит со капак
12,00 ден – 21,00 денPrice range: 12,00 ден through 21,00 денПаметен дизајн со вграден капак за специфична форма на кутија која нуди идеално решение за испорака благодарение на горниот интегриран капак со преклопување. За разлика од отворените фишеци, овој дизајн целосно ја затвора порцијата, спречува истурање на помфритот при транспорт и овозможува лесно пакување во кеси за достава.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутија за фингерс
12,00 ден – 15,00 денPrice range: 12,00 ден through 15,00 денКомпактна кубна форма со оптимизирана длабочина на анатомската конструкција кај оваа кутија се одликува со специфичен длабок и компактен правоаголен дизајн, наменски конструиран за прецизно и уредно пакување на пилешки фингерси и разновидна „finger food“ храна. Формата овозможува парчињата да останат стабилно позиционирани едно врз друго или едно до друго, со што комплетно се спречува нивно нагмечување, превртување или оштетување на крцкавата корупка за време на доставата.
Интегриран заштитен капак со паметно закопчување кај едноделната картонска конструкција доаѓа со интегриран капак на преклопување кој цврсто се затвора со паметен систем на странично закопчување. Дизајнот на преклопите овозможува правилно „дишење“ на амбалажата со што се спречува кондензација и задржување на влага, елиминирајќи ја потребата од дополнителни пластични ленти, а истовремено гарантирајќи дека фингерсите ќе останат топли и максимално крцкави.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Триаголни кутии
15,00 денЕлегантна геометриска форма на специфично скроен триаголен дизајн со вграден капак на отворање. Ваквата анатомија е идеална за парче торта, чизкејк, триаголни десерти, како и за поединечни кришки пица или преклопени палачинки со богат фил.
Безбедност на декорацијата во конструкцијата која нуди одлична висина и стабилност, што спречува горниот дел од кутијата да го допре десертот. Вашите шлагови, свежи овошја и преливи ќе пристигнат кај клиентот во нивната совршена, изворна форма.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Трапез кутии за Азиска храна /нудли/ паста
21,00 ден – 22,00 денPrice range: 21,00 ден through 22,00 денКласичен „Take-out“ пагода дизајн на препознатлива трапезна форма со квадратно дно која се затвора на врвот со четири интегрирани преклопни клапи и сигурно закопчување. Овозможува исклучително брзо пакување во кујната, без потреба од дополнителни пластични капаци или лепливи ленти.
Максимален комфор при јадење со високите странични ѕидови на кутијата ја задржуваат топлината и пареата, а воедно овозможуваат јадењето со сосови лесно да се меша и да се конзумира со стапчиња или вилушка директно од садот, без страв од истурање.
Врвна термоизолација и PE заштита: кои се изработени од исклучително дебел, висококвалитетен картон кој дејствува како одличен термоизолатор за време на доставата. Внатрешноста е обложена со густ PE слој или пластифицирна кој е 100% непропустлив за врели сосови, течности, масла и пареа.
Површината на садот е исполиран со специјален премаз за добивање на печат со висок квалитет за да добиете, остри детали и живи бои. Површината овозможува мастилото да не се впива во внатрешноста, боите остануваат на површина.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутија за Хот Дог
22,00 ден – 33,00 денPrice range: 22,00 ден through 33,00 денФункционален издолжен дизајн со специјално конструирана тесна и издолжена правоаголна кутија со капак на преклопување. Овој облик овозможува совршено вклопување за класичен или гурмански хот дог, спречувајќи го превртувањето и гарантирајќи дека богатите додатоци, сосови ќе останат убаво наредени. Димензии ергономски оптимизирани за лесно собирање на стандардни и XL хот дог порции, соодветни за брзо конзумирање во ресторан или за сигурен takeaway транспорт.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутија за Врап
23,00 ден – 25,00 денPrice range: 23,00 ден through 25,00 денГлавната предност на оваа кутија е вградениот систем со перфорација по средината. Наместо купувачот да го вади целиот сочен сендвич од амбалажата и да ризикува да му се одмота, тој едноставно ја повлекува лентата, ја отстранува горната половина од кутијата и ја конзумира храната чисто, лесно и практично.
Специфичната издолжена форма на кутијата дејствува како природен калап. Таа го фиксира врапот од сите страни, спречувајќи ги состојките и сосовите да се изместат или да истечат за време на доставата.
Густиот картон дејствува како термичка бариера. Ја задржува топлината на месото или печените состојки, а воедно ја зачувува свежината и крцкавоста на врапот без тој да стане влажен или жилав.
Оваа амбалажа е комплетно прилагодена за „street food“ и конзумирање во движење. Долната половина од кутијата останува како цврст држач, што значи дека рацете на клиентот воопшто не ја допираат храната додека јадат.
This product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
Кутија за пица
23,00 ден – 32,00 денPrice range: 23,00 ден through 32,00 денСекоја добра пица заслужува добро пакување. Класична вентилирачка конструкција на специјално дизајнирана плитка кутија со капак на преклоп и фабрички изведени отвори за вентилација на задната страна. Овој паметен систем овозможува вишокот пареа слободно да излегува од пакувањето, со што се спречува омекнувањето на тестото и пицата пристигнува до крајниот клиент совршено крцкава и топла.
Изработена од повеќеслоен, исклучително крут микробрановиден картон кој обезбедува одлична термичка заштита за време на доставата. Стабилната анатомија овозможува сигурно насложување на повеќе кутии една врз друга во транспортните торби без ризик од нагмечување на капакот и лепење на кашкавалот
Close


















